По победата над Манчестер Јунајтед, екипата на Челзи остана без спортскиот директор кој во изминатиот период добиваше огромни критики. Мајкл Еменало.
Овој 52 годишен Нигериец за време на престојот на „Стенфорд Бриџ“, а посебно во последните неколку години беше честа мета на критики на нездоволните навивачи, но и бројните спортски аналитичари кои сметаа дека токму тој е најголемиот виновник за лошите и нелогичните трнасфери на Челзи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако е факт дека носи дел од одговорноста за заминување на фудбалери како Де Брујн, Салах, Лукаку или Матиќ, Ееменало имаше и низа добри потези и беше вистински миленик на Роман Абрамович кој го сметаше за свој човек од доверба.
Не е познато поради што Еменало одлучи да го напушти Челзи, но според првите информации тој ќе добие работа во Монако.
Мајкл Еменало за време на десетгодишната авантура во Челзи со овој клуб прослави освојување на три титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ФА Купот и Лига Купот.