Дома Фудбал Останато Бербатов за првпат откри: Дарко Панчев беше мојот идол!

Бербатов за првпат откри: Дарко Панчев беше мојот идол!

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Димитар Бербатов откри дека негов идол кој обожавал да го гледа и му се воодушевуал е Дарко Панчев.

На 108 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед Бербатов постигна 48 гола во период од 2008 до 2012 година, а сега откри нешто што на јавноста не и беше познато.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ако би се вратил во минатото да издвојам еден од моите омилени фудбалери, тогаш тоа е Дарко Панчев. Тој човек даваше голови на сите начини.

Ми се допаѓаше начинот на кој ги тресеше мрежите, Звезда во тој период имаше фантастичен тим, но тој беше посебен…Можеби поради името, го сакав тоа како одекнува неговото име: Дарко Панчев! Ми беше омилен“, откри Бербатов.

Бербатов преку Пирин дојде во ЦСКА Софија, од каде потоа играше за Баер Леверкузен (2001-2006), па Тотенхем (2006-2008), а после четири години во Манчестер јунајтед, играше и за Фулам (2012-2014), Монако (2014-15), ПАОК (2015-16) и Керала Бластерс (2017-18). Дресот на бугарската репрезентација го носеше на 78 натпревари и постигна 48 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дури 23 фудбалери на Реал се повредија оваа сезона: Клубот го пронајде виновникот

Стадионот на Реал е вистинско ремек-дело на градежништвото, а една од карактеристиките е с…