Дома Фудбал Бенитез обвинува: Играчите ме саботираа во Реал Мадрид

Бенитез обвинува: Играчите ме саботираа во Реал Мадрид

Искусниот шпански тренер, Рафа Бенитез проговори за неуспешната авантура која ја имаше во Реал Мадрид.

Бенитез во јуни 2015, со големи амбиции седна на кормилото на Реал Мадрид, но неговата авантура траеше само до јануари, кога доби отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој за шпанските медиуми сега ги обвинува фудбалерите за саботажа, а немал поддршка од раководството.

„Кога пристигнав во Мадрид, Анчелоти само што си замина, а тој имаше добра релација со играчите и изгледаше како јас да доаѓам со камшик. Имаше непријатен амбиент: замина Касиљас, Кејлор Навас, Бензема беше уапсен… Ситуацијата беше комплицирана. И кога цела ситуација стана тешка, кој ја ‘плпати сметката’? Јас“.

„Проблемот е кога мора да се соочите со незгодни фудбалери, кои одат по медиуми и кажуваат приказни. Тоа што е познато во јавност е една работа, додека вистината е сосема друга. Немав доволна поддршка од раководството, а морав да го менаџирам и Роналдо“, вели Бенитез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата на Тотенхем прашан дали би го преземал клубот. Еве како реагираше.

Легендата на Тотенхем, Роби Кин, критички одговори и потоа нервозно го прекина интервјуто …