Пред само една година фановите на Евертон на големо го славеа трансферот на Хамес Родригез, Колумбиецот пристигна на „Гудисон Парк“ после инситирањето на Карло Анчелоти.
Колумбиецот на почетокот воодушеви со своите настапи во Премиер лигата, но потоа дојдоа проблемите со повредите и падот на формата. Имаше желба Хамес да заигра пред фабовите на Евертон во својата втора сезона, но до тоа не дојде, а сигурно улога одигра и тоа што Анчелоти си замина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По доаѓањето на Бенитез ситуацијата со неговиот статус се промени. Меѓутоа досега Бенитез ниту еднаш во јавноста не зборуваше за ситуацијата со Колумбиецот. Сега го направи тоа за првпат и беше искрен.
„Очекував прашања за Хамес, но за мене тоа во исто време беше лесна и комплицирана тема. Евертон како клуб во Премиер лигата мора да биде на највисоко ниво од првиот до последниот ден. Кога имате играч кој може да биде на располагање само половина сезона тогаш тоа не е лесно за менаџирање. Ние мораме максимално да ги имаме на располагање сите наши ресурси“, изјави Бенитез.