Дома Трансфер зона Бензема: Зошто да го напуштам Реал?

Бензема: Зошто да го напуштам Реал?

Бензема како и многу фудбалери на Реал Мадрид, често пати е мета на други клубови, но Французинот нема намера да ја менува средината, тој е свесен дека веќе игра во еден од најголемите клубови во светот.

„Во овој момент сум во најдобриот клуб во светот, среќен сум тука и горд сум на себе. Очекувањата се големи, секоја сезона е исто. Ако веќе сте стигнале до дресот на Реал нема смисла да заминувате“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нашиот тим е квалитетен и ова е една од најдобрите генерации на овој клуб. Не размислувам за заминување, како што кажав, среќен сум тука“, изјави Бензема.

Потоа Французинот зборуваше за трансферот на Бразилецот Нејмар кој премина од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

„Не можам да кажам дека сум изненаден, бидејќи Нејмар е слободен да прави што сака. Иако ова изгледа чудно, сигурен сум дека тој има свои причини за ваквата одлука“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…