Oткако пред неколку дена протекоа снимките од интервјуто што му го даде на Пирс Морган, Манчестер Јунајтед јасно стави до знаење дека Роналдо нема да остане дел од тимот.
Се уште не се знае дали ќе го раскинат договорот со него или ќе го продадат, како и да е не се очекува повеќе да игра за Манчестер Јунајтед. Покрај неколку други клубови, медиумите го поврзуваат и со Интер Мајами на Дејвид Бекам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според англиските медиуми, тој веќе разговарал со претставниците на Кристијано Роналдо, а му било кажано дека Португалецот е заинтересиран да премине во МЛС лигата. Досега прва мета на Бекам беше Лионел Меси, но по неочекуваната ситуација со Роналдо, Португалецот доаѓа во прв план.
Од Интер Мајами пред неколку дена се прости Гонзало Игуаин, па јасно е дека на екипата и треба засилување, Роналдо сигурно би бил и тоа какво засилување. Според информациите Бекам ќе остане заинтересиран и за Меси кој изјави дека после Светското првенство ќе донесе одлука за каде да ја продолжи кариерата.