Дома Фудбал Останато Бекам го посетил Ериксон во последните денови од неговиот живот: Објави видео од нивната средба 🎥

Бекам го посетил Ериксон во последните денови од неговиот живот: Објави видео од нивната средба 🎥

Легендарниот тренер Свен Горан Ериксон ја загуби битката со ракот на панкреасот и почина на 76-годишна возраст. Во последните денови Ериксон беше свесен за својата ситуација и знаеше дека крајот е блиску, па пред една недела објави и проштална порака.

Во неговите последни денови во Шведска го посетил и славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бекам по смртта на Ериксон објави видео неговата посета.

„Се смеевме и плачевме, знаевме дека се збогуваме…Ти благодарам за се што отсекогаш си бил, страстен, грижлив, смирен, џентлмен…Засекогаш ќе ти бидам благодарен што ме направи твој капитен. Ќе ги негувам овие спомени од последниот ден со тебе и твоето семејство. Ти благодарам и за твоите последни зборови до мене „Ќе биде во ред““, објави Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тензии во Порто: Арнаутовиќ ќе се степаше со фудбалер на Порто (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда претрпеа пораз во второто коло од групната фаза на Лига Европ…