Репрезентативецот на Данска, Микел Хансен е прогласен за најдобар играч на СП во ракомет.
Данска стана светски шампион со победата во финалето над Норвешка, додека третото место и припадна на Франција, кој беше подобра од Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хансен со 72 гола ја предводеше Данска до титулата на светскиот шампионат кој се организираше во Германија.
Во најдобриот состав се најдоба три Норвежани, два Данци и по еден Германец и Шпанец, додека нема претставник на Франција.
Признанието за МВП му припадна на Хансен, кој оваа наградата ја добива сосема очекувано и заслужено.
Наредното Светско првенство е на програмата во 2021. година во Египет.