Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е спремен да си поднесе оставка ако тоа го предомисли Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“.
Медиумите во Шпанија и порано известува дека Бартомеу е спремен да си замине во случај Меси да каже дека ќе остане во Барселона, а сега дојде и официјална потврда од претседтелот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот пред два дена и официјално побара од клубот да го раскине договорот и да ја напушти Барселона после цели 20 години, а тоа предизвика силен „потрес“ во каталонскиот гигант.
После ова следеа големи протести во Барселона и навивачите бараа оставка од претседателот во кого гледаат главна причина за целата ситуација.
Сега „Марка“ излезе со тврдење дека Бартомеу порачал дека ќе си даде оставка доколку Меси јавно каже дека тоа ќе го натера да остане на „Камп Ноу“.
Barcelona president Bartomeu will resign from his position if Lionel Messi publicly commits his future to the club https://t.co/4TUWKgAQTv
— footballespana (@footballespana_) August 27, 2020