Дома Топ вести Бартомеу: Меси до 10. јуни требаше да изјави дека сака да замине

Бартомеу: Меси до 10. јуни требаше да изјави дека сака да замине

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу ги негираше тврдењата дека тој сакал да го избрка Меси од Барселона за да ги намали штетите во клупската каса.

Каталонија исчекуваше отказ од Бартомеу, но тоа не се случи. Сега изгледа Бартомеу се обидува да ги подобри односите со Меси, кој пред почетокот на сезоната не го штедеше од тешки критики.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Одлучив да не влегувам во дискудија затоа што Меси е приоритет во новиот проект. Тоа не го направив затоа што тој е наш капитен. Обвинет сум дека сум сакал да замине, но не. Немавме намера да засилиме некого со неговото заминување“.

Меси сакаше да го напушти клубот на основа на клазулата која истекла на 10. јуни, но Барселона не му дозволи после што следуваше еден вид на „војна“ на двете страни.

„Важно е да го разбереме Меси. Добро е што се налути бидејќи не прифаќа порази, тоа значи дека кај него се уште постои амбиција и желба. Сите бевме лути затоа што посакувавме поинакви резултати, но постоеше клазула заклучно со 10. јуни, во тој рок требаше да изјави дека еднострано сака да го напушти клубот. Тоа не го направи и затоа е тука. Се надевам дека ќе остане уште долги години и ќе ја заврши кариерата во Барселона, тоа е најдобра опција за сите“, изјави Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…