Францускиот фудбалер Осман Дембеле (21) во Барселона пристигна летото 2017 година како замена за Нејмар.
Каталонците тоа лето се одлучија да го продадат Нејмар на ПСЖ за сума од 222 милиони евра со што Бразилецот стана најскап фудбалер во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добар дел од таа сума Барселона вложи во купување на Дембеле од Борусија Дортмунд. Младиот Французин кога ќе се соберат бонусите е платен 145 милиони евра, а две години подоцна претседателот на каталонскиот гигант, Хозе Мариа Бартомеу тврди дека Дембеле е подобар играч од Нејмар.
Иако францускиот фудбалер на „Камп Ноу“ не покажа се што знае бидејќи често пати беше повреен, Бартомеу нема дилеми дека е подобар од Нејмар.
„Дембеле според мене е подобар играч о Нејмар. Среќни сме што е дел од нашиот тим“, изјави првиот човек на шампионот на Шпанија.
Бартомеу потоа доби интересено прашање за можното враќање на Нејмар.
„Нема да кажам ниту да, ниту не. Само ќе кажам дека парите кои ги добивме од неговиот трансфер ги вложивме во иднината и купивме млади играчи. Со тие пари успеавме да ангажираме играчи како Дембеле и Кутињо“, истакна Бартомеу.
Дембеле во дресот на Барселона одигра 40 натпревари, постигна 11 голови и запиша 10 асистенции. Сигурно дека овој учинок можеше да биде и подобар доколку не се соочуваше со повреди, но сигурно дека најдоброто од него допрва треба да го очекуваме.