Каталонскиот гигант Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесува „Мундо Депортиво“.
После заминувањето на Фирпо, Барселона на таа позиција го има само Жорди Алба, па сака да донесе валидна алтернатива, а прва цел е Маркос Алонсо.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
30-годишниот Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината.
Челзи е спремен да го продаде, а Барселона во наредните денови ќе испрати понуда од 18 милиони евра.