Дома Топ вести Барселона спреми понуда за Франк Кеси

Барселона спреми понуда за Франк Кеси

Барселона покажува сериозен интерес за играчот за врска на Милан, Франк Кеси, пренесува „Мундо Депортиво“.

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, а „росонерите“ не сакаат да го загубат фудбалерот без обештетување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе спремила понуда за Кеси во јануари.

Каталонците се во контакт со неговиот агент, но го саката Кеси во јануари и се спремни да понудат 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…