Барселона ја разгледува можноста да ја донесе на „Камп Ноу“ ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, пренесува „Мундо Депортиво“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сенегалецот на лето влегува во последната година од договорот со „црвените“, а преговорите за продолжување на соработката се во застој.
Се погласно се зборува за негово заминување од „Енфилд“, интерес покажува и Баерн Минхен, а Барселона ќе се обиде да ја победи конкуренцијата.
Токму поради фактот што неговиот договор истекува за една година Ливерпул ќе мора да го продаде, а Барселона е оптимист дека ќе успее да го доведе на „Камп Ноу“.
30-годишниот Мане игра уште една одлична сезона за Ливерпул, каде до сега постигна 20 гола и запиша 4 асистенции.