Дома Фудбал Барселона спреми нов договор за Гави

Барселона спреми нов договор за Гави

Барселона сака да го обнови договорот со 17-годишниот играч за врска Гави што е можно побрзо, пренесува „АС“.

Раководсвото на каталонскиот клуб веќе спремила понуда за својот „бисер“ и наскоро ќе започне преговори.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона му нуди на Гави нов 5-годишен договор со значително зголемување на платата и откупна клаузула од 1 милијарда евра, исто како на Анси Фати.

Гави е еден од најголемите шпански таленти, веќе е стандарден шпански репрезентативец и му се предвидува блескава иднина.

Пред неколку месеци Гави дебитираше за Барселона, набрзо потоа доби и повик во репрезентацијата на Шпанија, а и кај Чави сигурно ќе биде еден од главните играчи во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо и Италијанците добијаа најлоши вести пред баражот за СП

Италијанската репрезентација влегува во најважните денови од циклусот, но атмосферата во т…