Раководството на Барселона работи на продолжување на соработката со неколку свои фудбалери, пренесува „Мундо Депортиво“.
Каталонците сакаат долгорочно да ги задржат плејмејкерот Гави, како и дефанзивците Роналд Арухо и Маркос Алонсо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговорите помеѓу клубот и овие играчи се во напредна фаза и наскоро се очекува да стават потпис на нови договори.
Барселона исто така работи и на продолжување на договорите на голманот Инаки Пења и левиот бек Алехандро Балде, кој беше повикан и на Светското првенство.
💰📈 El Barça trabaja para que Gavi y Araujo, que ya han renovado, tengan contrato adecuado al primer equipo y ampliar el de Marcos Alonso
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 21, 2022
✍️ @gbsans https://t.co/EeRct51sFJ