Дома Топ вести Барселона спрема големо засилување во јануари

Барселона спрема големо засилување во јануари

Барселона сака во зимскиот преоден рок да донесе големо засилување, а прва мета ќе биде шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.

Каталонците уште во летниот преоден рок се обидоа да го донесат Олмо, но не успеаа да се договорат со Лајпциг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дани Олмо е дете на Барселона. Играше за младинските селекции на овој клуб во периодот од 2007 до 2014 година, кога замина во Динамо Загреб.

23-годишниот шпански репрезентативец притиска да се врати на „Камп Ноу“, а Лајпциг за неговата слобода бара 65 милиони евра.

Шпанските медиуми објавија дека Олмо веќе има договор со Каталонците и дека Барселона ќе се обиде да го реализра трансферот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…