Во Барселона веруваат во Роберт Левандовски, но сепак и годините го прават своето, па во клубот мораат полека да размислуваат и за негова замена.
Каталонските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид би можел да биде опција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Канаѓанецот е во последната година од договорот, што значи дека следното лето може да пристигне како слободен играч, но не би требало Барселона за него да палти голема сума и во јануари.
Дејвид иако има само 24 години во последните години е еден од најконстантните напаѓачи во францускиот фудбал.
Ако ги погледнеме вкупните бројки, голови и асистенции, тој минатата сезона имаше вкупно 33, 30 претходната година и 19 и 17 постигнати голови во сезоните претходно.
Сезонава на 11 натпревари постигна седум гола и забележа две асистенции, што значи дека повторно би можел да има одлични бројки. Лил за неговите услуги летото 2020 година плати 27 милиони евра на Гент.