Неверојатна промена доживеа Ливерпул со доаѓањето на Вирџил Ван Дајк минатата сезона.
Од тим кој се бореше за четвртото место Ливерпул стана прво финалист, а потоа и европски шампион, додека во Англија до последното коло се бореше со Манчестер Сити за титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најважните, многумина ќе кажат и највежен играч на Ливерпул во овој успех е Вирџил Ван Дајк. Со перфектното поставување на играта, читањето, проценките и реакциите носи огромна сигурност на целиот тим. Ливерпул за неговите услуги плати 75 милиони фунти и го направи најскап стопер во историјата, но Холанѓанецот таа сума ја оправда.
Овие денови Ливерпул добил неочекуван повик од Барселона која се обидела да го купи Ван Дајк.
Претставници на Барселона го контактирале агентот на фудбалерот, меѓутоа добиле краток и јасен одоговор.
„Нема никакви шанси и Ван Дајк и Ливерпул не сакаат да преговараат без разлика за кој клуб и која сума се работи“, гласел одговорот кој го добиле Каталонците.
Овој одговор освен што ја покажува лојалноста на Ван Дајк покажува и дека Ливерпул се вратил на местото на кое беше во 80-тите години. Ван Дајк нема да го направи она што клучните играчи на овој тим го правеа во изминатите години (Овен, Алонсо, Торе, Маскерано, Кутињо…).
How Virgil van Dijk's agent responded to approach from Barcelona over transfer https://t.co/uKojAgrFqn pic.twitter.com/h7CJxUdXAj
— Mirror Football (@MirrorFootball) July 11, 2019