Дома Топ вести Барселона сака да собере 50 милиони од продажби во јануари

Барселона сака да собере 50 милиони од продажби во јануари

Барселона се надева да инкасира 50 милиони евра од продажба на играчи во зимскиот преоден рок.

На „Камп Ноу“ сметаат дека можат да се ослободат од најмалку четворица фудбалери за да соберат пари за нови засилувања. Станува збор за Инаки Пења, Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Филипе Кутињо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


22-годишниот Пења ја има улогата на трет голман, воопшто не добива шанса за настап, па затоа и самиот сака да ја промени средината.

Ленгле го загуби местото во стартниот тим и Барселона е спремна да го продаде во јануари за 15 милиони евра, а најсилен интерес за него покажува Рома.

Кутињо не влегува во плановите на Чави, а притоа Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата. Интерес за 29-годишниот Бразилец покажува Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…