
Фудбалерите на Барселона вечерва на гости играат против Кадиз во рамките од 12. коло во шпанската Ла Лига.
Кадиз сезонава после 14 години успеа да се врати во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал, а Барселона првпат после 15 години ќе гостува на стадионот на овој клуб. Вечерашниот меч се игра од 21 часот и јасно е дека Каталонците се големи фаворити. Шпанските медиуми потсетија дека последен пат Барселона гостуваше во Кадиз на 17. декември 2005 година.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тогаш Барселона успеа да слави со 3:1 и во таа сезона освои скоро се што можеше да освои. Два гола постигна Самуел Ето, а еден Лудовиќ Жили.
„Мундо Депортиво“ се потсети на тој состав на Барселона и од тогаш само еден играч и денес го носи дресот на Каталонците. Секако, тоа е Лионел Меси кој тогаш како тинејџер се пробиваше во врвот на светскиот фудбал.
За Барселона тогаш играа: Валдес, Ван Бронхорст, Пујол, Маркез, Олегуер, Едмилсон, Деко, Иниеста, Жили, Меси, Ето, а од клупата шанса добија: Ларсон, Мота и Езкеро.