Тоа што се најавуваше изминатите денови, сега доби официјна потврда.Големиот талент на Барселона, Гави стави потпис на договор до јуни 2026 година.
Гави се обврза на верност со Каталонците до 2026 година и во договорот ќе има откупната клазула од една милијарда евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент Иван Де Ла Пења водеше тешки преговори со Матео Алемани затоа што бројни клубови му нудеа на Гави повеќе пари од Барселона.
За радост на навивачите преговорите имаа среќен крај и 18-годишниот играч за врска реши да остане на „Камп Ноу“.
Барселона за утре во 18:00 часот закаже специјална пресконференција на која ќе биде потврден новиот договор.
THE FUTURE IS CULER 💙❤️#MadeinLaMasia pic.twitter.com/pnRO9taFOv
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 14, 2022