Eкипата на Барселона ова лето ќе ангажира двајца млади фудбалери.
Станува збор за браќата Вигнато, Емануеле и Самуеле, а за нив ќе исплати сума од осум милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Емануеле Вигнато веќе е познат на терените во Серија А. Со само 18 години одигра 10 натпревари за тимото д Верона, а запиша гол и асистенција.
Со своите настапи го привлече вниманието на Барселона. Каталонците ќе се обидат да го ангажираат и извесно е дека ќе заврши во редовите на шпанскиот шампион.
Кон Барселона ќе тргне и неговиот помлад брат Самуеле. Овој 15 годишен исто така е талентиран и не помина незабележано од скаутите на каталонскиот гигант.
Агентот на браќањата Вигнато преговара со Барселона. Киево бара осум милиони евра, не е тоа преголема сума за шампоонот на Шпанија, но последната одлука ќе ја има раководството на тимот.
„Ла Масија“ е позната како една од најдобрите фудбалски школи во светот и сигурно дека овие фудбалери ќе имаат што да покажат во дресот на гигантот од Каталонија.
Ќе потсетиме Барселона за ова лето го обезбеди потписот на Френки Де Јонг од Ајакс.