Дома Фудбал Барселона конечно пронајде начин како да се ослободи од Туран?

Барселона конечно пронајде начин како да се ослободи од Туран?

turan

Турскиот фудбалер Арда Туран во финишот од трансфер периодот речиси сигурно ќе ја напушти Барселона.

Туран во Барселона пристигна пред две години како големо засилување од Атлетико Мадрид, но не успеа да ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“. Ернесто Валверде пред почетокот на оваа сезона јасно стави до знаење дека нема да смета на неговите услуги, и дека има дозвола да бара нов ангажман.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Пред десетина дена во медиумите беше наведено дека Туран е многу блиску до враќање во Галатасарај, но на крајот тоа пропадна, бидејќи Барселона не сака да го испрати на позајмица, туку да го продаде. Сепак, во самиот финиш од трансфер периодот изгледа дека се појави решението за Каталонците.

Каталонскиот весник „Sport“ ова утро објави дека Монако покажува интерес за Туран. Клубот од Кнежевството речиси сигурно ќе остане без Килијан Мбапе, а постои можност клубот да го напушти и Томас Лемар. Монако го доведе Стеван Јоветиќ како замена за Мбапе, додека Туран би можел да биде замена за Лемар.

Турскиот фудбалер со Барса има договор до летото 2020. година, а во каталонскиот клуб се надеваат дека ќе заработаат околку 25 милиони евра за поранешната голема ѕвезда на Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Демирал вчера испиша историја на Европските првенства

Турскиот дефанзивец, Мерих Демирал зад себе има вечер која долго ќе ја памети. Успеа Демир…