Дома Фудбал Барселона и Реал се разминаја во полуфиналето од Суперкупот

Барселона и Реал се разминаја во полуфиналето од Суперкупот

Надлежните органи во Шпанија се договорија со Саудиска Арабија натпреварите од Суперкупот во наредните три години да се играат во Џеда.

За разлика од претходните години во Суперкупот ќе учествуваат четири клуба, па ќе гледаме две полуфиналиња и едно финале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес се одржа ждребот кој во полуфиналето ги спои Валенсија – Реал Мадрид, како и Барселона – Атлетико Мадрид.

Првиот меч ќе се одигра на 8-ми јануари, второто полуфинале на 9-ти јануари, а финалето на 12-ти јануари.

Сите три натпревари ќе се играат во Џеда, Саудиска Арабија која за тоа ќе плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез на Божиќ зборуваше за „најголемиот скандал во историјата на фудбалот“ – доби жесток одговор од Лапорта

Ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона влезе во нова фаза пред Божиќ, а не станува збор …