Дома Фудбал Останато Барселона и Манчестер Сити вечерва ќе одиграат пријателски натпревар, позната и причината

Барселона и Манчестер Сити вечерва ќе одиграат пријателски натпревар, позната и причината

Најсилните европски лиги само што започнаа, преодниот рок се уште не е завршен, а тимовите се спремаат за еден од најсилните сезони. Барселона и Манчестер Сити вечерва од 21:30 часот на „Камп Ноу“ ќе играат пријателски натпревар.

Иако распоредот е и тоа како згуснат сепак двата тима најдоа време да одиграат во хуманитарни цели. Имено, поранешниот голман и тренер на Барселона Хуан Карлос Унзуе успеа да договори натпревар на двата европски гиганти и целиот приход ќе оди во центарот за истражување на амиотрофична латерална склероза.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Пред две години Унзуе заболе од тешка болест и сега се обидува да сите начини да помогне истражувањето да добие што повеќе пари за да ја продолжи својата работа и борба против болеста за која нема лек.

„Конечно дојде овој момент и мислам дека ќе биде баш добро, ќе уживаме. Многу сум возбуден што успеав да го договорам овој натпревар. Двата клуба посебно Барселона имаат многу работа. Иако се соочуваат со проблеми, веднаш прифатија да го одиграат натпреварот“, порача Унзуе пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи го официјализира трансферот на Милинковиќ-Савиќ

Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели од Торино во Наполи на заем, соопштија од клупск…