Дома Топ вести Барселона и Кеси блиску до договор

Барселона и Кеси блиску до договор

Барселона е во напредни преговори со играчот за врска на Милан, Франк Кеси, на кого му завршува договорот на крајот на сезоната.

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, па готово сигурно на лето ќе замине како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започна преговори со 26-годишниот играч за врска, а според последните информации двете страни се блиску до договор.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека двете страни ги договараат последните детали и наскоро Кеси ќе стави потпис на преддоговор, а на лето како слободен агент ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…