Како што пренесуваат каталонските медиуми Арсенал започнал преговори со Барселона за трансфер на играчот за врска Андре Гомеш.
Бившиот играч на Валенсија не се снајде најдобро на „Камп Ноу“ каде помина две сезони, па сега е на излезна врата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал е силно заинтересиран за Португалецот по барање на Унаи Емери кој одлчично ги познава неговите квалитети. Батселона бара 30 милиони евра за неговата слобода, но „топџиите“ не се спремни да платат толкава сума.
Арсенал нуди позајмица со право на откуп, па останува да видиме дали Барса ќе ја прифати таа понуда, а интерес за Андре Гомеш покажува и Тотенхем.