Барселона го разочара Лионел Меси минатото лето кога одлучи да го пушти Луис Суарез, Уругваецот се пресели во Атлетико Мадрид и таму покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.
Сега во Барселона прават нов план, кој сепак сигурно и многу ќе зависи од тоа кој ќе биде претседател на Барселона. Англиските медиуми пишуваат дека во Барселона размислуваат на „Ноу Камп“ да го доведат Серхио Агуеро.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Догворот на Агуеро со Манчестер Сити истекува на лето, а управата на клубот засега не му понудиле нов. Поради тоа Аргентинецот се поврзува со заминување.
И покрај тоа што Агуеро има 32 години се уште кога е здрав е еден од најдобрите напаѓачи во светот и голгетер од светска класа. Се споменуваше Мемфис Депај како прва желбан а Куман, но преговорите помеѓу Лион и Барселона не завршија како што сакаа Каталонците.
Барселона ако навистина се реши да тргне по Агуеро сигурно ќе има конкуренција, претходно тој најмногу се поврзуваше со ПСЖ.