Дома Трансфер зона Барселона го сака дефанзивецот на Баерн Минхен

Барселона го сака дефанзивецот на Баерн Минхен

Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Барселона.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Каталонците будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.

Барселона не е задоволна од Белерин и бара нов десен бек, а Павард е на врвот на листата желби на Чави.

Меѓутоа, Барселона  нема буџет за јануарски трансфери, па ќе се обиде да го донесе на позајмица со право на откуп на лето за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…