Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Карлос Алења премина во Гетафе.
Алења е играч кој потекнува од младинската школа на каталонскиот клуб и потпиша договор до 2025 јуни, меѓутоа Барса во неговиот договор постави неколку клазули.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тие ќе добија 50% од наредниот трансфер на фудбалерот, освен тоа Барса има право било кога да го откупи Алења назад и да го блокира неговиот трансфер ако на играчот не му се допаѓа понудата.
Минатата сезона Алења ја помина во Гетафе како позајмен играч. За Барселона овој играч има одиграно 43 натпревари и псотигна три гола.