Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Барселона веќе речиси го договорила првото зимско засилување, а станува збор за португалскиот играч за врска Рубен Невеш, кој на „Камп Ноу“ би пристигнал од Вулверхемптон.
Невеш има договор со Вулвс до летото 2024 година, а сега наводно е решен дека е време за нов предизвик во кариерата. Медиумите пренесуваат дека поради Барселона веќе одбил неколку понуди. Претходно Невеше се поврзуваше со англиските гиганти, Манчестер Јунајтед и Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш имал контакти со Барселона и во текот на летото, меѓутоа тогаш трансферот не се реализирал поради финансиските проблеми во Барселона. Ситуацијата во јануари наводно ќе биде поинаква и Барселона ќе може да си го дозволи.
Финанските детали според информациите биле договорени од претходно и Барселона за неговите услуги ќе треба да плати 50 милиони евра.
Невеш пристигна во Вулверхемптон во летото 2017 година од Порто за 20 милиони евра и се профилираше како најважен играч на овој тим. Во досегашниот дел од сезоната одигра 12 натпревари и постигна два гола.