Tимот на Барселона минува низ големи проблеми, а ситуацијата го достигна врвот кога Лионел Меси побара да замине.
Аргентинскиот фудбалер беше блиску до трансфер во Манчестер Сити, но Барселона не прифаќаше никаква спогодба за раскинување на договорот и бараше само 700 милиони евра колку и што изнесува откупната клазула на Меси. Јасно беше дека тоа е сума која Сити или некој друг клуб не може да ја плати.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во интервјуто во кое Меси потврди дека ќе остане во Барселона само за целата работа да не заврши на суд и ќе почека да му истече договорот уште една сезона кажа и дека Бартомеу и останатите од управата се главниот проблем. Меси смета дека Бартомеу не го води клубот во насоката во која треба и затоа Барса имала лоши резултати во Лигата на шампионите.
Навивачите застанаа на страна на Меси и бараа оставка од Бартомеу, а дека неговиот збор се слуша во Барселона потврди и самиот клуб со тоа што ги закажа изборите на 20. и 21. март следната година.
Скоро сигурно е дека Бартомеу на тие избори ќе биде сменет.