Дома Топ вести Барселона бара спонзори за да го врати Меси на „Камп Ноу“

Барселона бара спонзори за да го врати Меси на „Камп Ноу“

Барселона има за цел да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“ ова лето, објави новинарот Жерар Ромеро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, за тоа на клубот ќе му треба финансиска помош од повеќе спонзори затоа што се наоѓаат во криза.

Според Ромеро, каталонскиот гигант почнал да работи на договори со големи спонзори кои би можеле да помогнат да се врати Аргентинецот во Барселона.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а засега двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Барселона сака да ја искористи ситуацијата и да ја врати легендата на „Камп Ноу“. Меси играше за Барселона од 2005 до 2021 година, а притоа настапи на 778 меча, при што постигна 672 гола и 303 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…