Дома Актуелно Барселона бара оставка од претседателот на Ла Лига, давал лажни информации

Барселона бара оставка од претседателот на Ла Лига, давал лажни информации

Барселона побара претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас да си поднесе оставка, откако беше обвинет дека давал лажни информации во случајот „Негреира“  до обвинителството во Шпанија.

Барселона е обвинета за наводната корупција на поранешниот потпретседател на судиската организација, Хозе Енрикз Негреира.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последните информации во Шпанија велат дека Тебас наводно дал лажна изјава во цивилната истрага за случајот, праќајќи писмо со кое ги компромитира двајцата поранешни претседатели на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел.

„Веста објавена денеска од Ла Вангардија  е од степен на сериозност, кој треба да ги алармира сите клубови во Ла Лига, за активности кои не спаѓаат меѓу атрибутите на претседателот на Ла Лига. Само поради овој факт, но и поради личното достоинство и почитта кон претседателската функција, господин Тебас треба да си даде оставка од својата функција. Ова не е првпат претседателот на Ла лига преку медиумите да сака да наштети на Барслона“, соопштија од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Јамал доживеал непријатност по мечот со Дортмунд – сакал да оди во тоалет, но не му дозволиле!

Синоќа во Лигата на шампионите се сретнаа екипите на Борусија Дортмунд и Барселона, а една…