Дома Фудбал Барса ја понуди десетката на Меси, играчот размислува дали да ја прифати

Барса ја понуди десетката на Меси, играчот размислува дали да ја прифати

Барселона одлучи на кој играч да му го понуди дресот со број 10, на истиот тој кој со години беше во лоши односи со Меси. Мундо Депортиво пишува дека веројатно ќе ја земе Кутињо.

Откако Лео Меси замина во ПСЖ десетката остана без сопственик, но нема да биде за долго доколку Кутињо, за кој се тврди дека ќе остане во Барса, ја прифати понудата.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Во клубот се надеваат дека Кутињо ќе стане еден од клучните играчи во тимот, а тоа го докажува и нудењето на бројот 10.

Кутињо во Барселона пристигна од Ливерпул во 2018. година во трансфер вреден 135 милиони евра, а откако не успеа да се избори за своето место во тимот беше испратен на позајмица во Баерн со кој во сезона 2019/20 ја освои тројната круна.

За Барселона одигра 90 натпревари, постигна 23 погодоци и запиша 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриени цифри: Тадиќ ќе заработува неверојатна сума во Обединетите Арапски Емирати

Душан Тадиќ официјално стана нов член на Ал Вахда од Абу Даби, а неговата плата во новиот …