Дома Фудбал Барса убедливо го запиша 27. триумф во Ла Лига против Виљареал (ВИДЕО)

Барса убедливо го запиша 27. триумф во Ла Лига против Виљареал (ВИДЕО)

Барселона славеше против Виљареал во рамки на Ла Лига и со тоа го запиша својот 27. триумф оваа сезона во домашното првенство.

Каталонците беа убедливи со 5:1.

Во првото полувреме, Барса создаде предност од 3:0, благодарение на погодоците на Кутињо во 11., Паулињо во 16. и Меси во 45. минута од мечот.

На два пати во вториот дел, Дембеле беше прецизен и тоа во само неколку минути односно 87. и 93. минута во финишот на мечот.

Претходно почесен погодок за гостите на „Камп Ноу“ постигна Сансоне во 54. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тах: Баерн нема да го потцени Викинг во Лигата на шампионите

Баерн Минхен е подготвен за нов предизвик во Лигата на шампионите против норвешкиот Викинг…