Еминентниот француски весник „Екип“ тврди дека раководството на Барселона остварило првичен контакт со играчот на Лион, Хусем Аумар.
19-годишниот играч за врска оваа сезона почна да игра за првиот тим и само 3 месеци му беа потребни за да влезе во радарот на европските гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аумар оваа сезона беше стартер на седум натпревари во Лига 1 и веднаш ги покажа своите квалитети. Експертите тврдат дека станува збор за еден од најталентираните фудбалери во Европа и му предвидуваат богата кариера.
Аумар може да игра на повеќе позиции во средниот ред, има одличен е техничар и има фантастичен преглед на игра, па поради тоа е на радарот на Барселона.
„Екип“ тврди дека раководството на Каталонците веќе стапило во контакт со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.