Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе биде една од најжешките трансфер саги ова лето.
За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти како Јувентус, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лацио не сака да се раздели со Сергеј за сума помала од 150 милиони евра, но италијанските медиуми тврдат дека Каталонците имаат адут во ракавот.
Имено, Барселона е спремна за Србинот да плати 100 милиони евра плус во Рим да го испрати Рафиња, кој минатата сезона беше на позајмица во Интер и одлично се снајде во Серија А.
Лацио е силно заинтересиран за оваа понуда бидејќи смета дека Рафиња ќе биде иделна замена за СМС, па Барселона во моментов е во пол позиција за потписот на Миликновиќ-Савиќ.
23-годишниот Србин минатата сезона одигра 48 натпревари за римскиот клуб на кои постигна 14 гола и запиша девет асистенции.