Дома Фудбал Барса спреми нов договор за Педри

Барса спреми нов договор за Педри

Барселона е спремна да му понуди нов договор на младиот играч за врска Педри, според кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 2026 година.

18-годишниот играч одигра одлична сезона во која изигра рекордни 73 меча, вклучително со шпанската репрезентација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, па поради тоа Барселона брза да ја продолжи соработката со Шпанецот.

Многу европски гигати го следат Педри, но и тој самиот преферира да остане на „Камп Ноу“, па нема да има проблеми околу новиот договор.

Барселона со новиот договор ќе му понуди значително зголемување на платата, а се очекува Педри следниот месец да стави потпис на договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против …