Случајот „Кутињо“ повторно е отворен, Барселона не се откажува од одличниот Бразилец.
Да потсетиме во текот на летото Ливерпул одби три понуди за Фелипе Кутињо, но сега во целата работа би можел да биде вклучен и Иван Ракитиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот во последно време ги избегнува прашањата во врска со трансферот во каталонскиот клуб, а според наводите на медиумите, Барса нема да се откаже од овој 25 годишник.
Шпански „Мундо Депортиво“ пренесува дека Кутињо повторно побарал дозвола да замине, а според последните информавии Барселона е спремна да понуди 145 миилиони евра.
Каталонците сакаат долгорочна замена за Андрес Иниеста кој веќе има 33 години и сега се спремни да го понудат Иван Ракитиќ како дел од договорот.
Барселона веќе се обиде тоа да го направи со Арда Туран, Пако Алкасер и Андре Гомеш, но Јирген Клоп не сака да слушне за ниту еден од нив тројца.
Шпанскиот весник тврди дека Ливерпул е заинтересиран за Ракитиќ и во Хрватот гледаат на опција која ќе придонесе за квалитетот на нивниот среден ред. Ракитиќ има 29 години, а во март оваа година потпиша договор со откупна клазула од 113 милиони евра, а оваа сезона одигра 25 натпревари.
Доколку овие информации се точни, останува да видиме дали Барселона е спремна да се откаже од Ракитиќ за конечно да го добие Кутињо кој неодамна изјави „Не знам што ќе се случи во иднина“.