Дома Трансфер зона Барса сепак активна во јануари, метата добро позната, но не е Кутињо!

Барса сепак активна во јануари, метата добро позната, но не е Кутињо!

Каталонците изгледа дека ќе бидат активни и во зимскиот преоден рок…

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона не се откажала и дека во зимскиот рок нивна мета повторно ќе биде фудбалерот на Ница Жан Мишел Сери.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, иако во финишот од преодниот рок им пропадна скоро договорен трансфер, тие ќе се вратат по неговиот потпис веќе во јануари. Да потсетиме, Сери остана во Ница бидејќи Барселона во финишот како главни мети ги означи Фелипе Кутињо и Анхел Ди Марија.

„Спорт“ од свои извори блиски до Барселона дознава дека управата на Барселона сепак не се откажала во целост од како што го нарекуваат во Барселона, „црниот Чави“.

Неговата цена и понатаму изнесува 40 милиони евра, а пристигнувањето на Сери веројатно би значело заминување на еден Арда Туран или Рафиња. Да потсетиме, во редовите на Барселона во текот на летото пристигнаа Нелсон Семедо, Паулињо, Жерар Делофеу и Осман Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…