Дома Трансфер зона Барса сака да го „украде“ пред носот на Баерн: Во него гледаат наследник на Иниеста!

Барса сака да го „украде“ пред носот на Баерн: Во него гледаат наследник на Иниеста!

Медиумите веќе некое време пишуваат дека германскиот репрезентативец Леон Горецка следното лето без обештетување од Шалке ќе премине во Баерн Минхен.

Наводно неговиот агент уште на 18-ти мај имал средба со челниците на баварскиот клуб, постигнат е комплетен договор, но сеуште нема потпис на договорот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Горецка блеска во дресот на Шалке и за него се интересираат најголемите европски клубови, а најконкретен интерес покажува Барселона.

Каталонците во него гледаат идеалан наследник на Андрес Иниеста и сакаат да го „украдат“ пред носот на Баерн.

Наводно Барса е спремна во јануарскиот преоден рок да испрати богата понуда на негова адреса, па останува да видиме дали Германецот ќе се пресели во Минхен или на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…