Барселона преку мејл го раскина договорот со Бразилецот Матеу Фернандеш, кој пред една година пристигна за 10 милиони евра.
22-годишниот фудбалер имаше договор со Каталонците на уште четири години, но клубот еднострано ја раскина соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми откриваат дека клубот се решил на ваков чекор откако минатиот месец Фернандеш јавно го критикуваше тренерот Роналд Куман.
Фернандес беше донесен во 2020 година за 10 милиони евра од Палмеирас и веднаш беше испратен на позајмица во Ваљадолид на 6 месеци. Минатата сезона тој остана во Барса, но запиша само еден настап и тоа во ЛШ против Динамо Киев.
„Бев дома кога ми се јавија од клубот да ме прашаат дали мејлот ми е истиот. Потврдив и после тоа добив порака на мејл. Не можев да поверувам, но менаџерот и адвокатите ми потврдија дека тоа е отказ“, откри Фернандеш.