Примарна цел на Барселона во зимскиот преоден рок ќе биде засилување за одбраната, а најголема желба е дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.
Наводно раководството на Каталонците веќе остварило средба со агентот на Скриниар и ја разгледувале можноста за трансфер на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скриниар минатото лето пристигна во Интер и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Ернесто Валверде сака по секоја цена да ја засили конкуренцијата во дефанзивната линија, а Барселона е спремна да плати високи 85 милиони евра за ѕвездата на Интер.
23-годишниот словачки репрезентативец имаше богати понуди и ова лето, но не успева да најде заединчки јазик со раководството за нов договор. Барселона е спремна да ја искористи таквата можност и ќе достави понуда која не може да се одбие.
Сепак, прашање е дали Интер ќе се согласи да се откаже од еден од најважните фудбалери на средина од сезоната.