Дома Трансфер зона Барса не застанува: Одбраната сака да ја засили со играч на Атлетик Билбао

Барса не застанува: Одбраната сака да ја засили со играч на Атлетик Билбао

Според последните информации од Шпанија Барселона тргнала по потписот на Иниго Мартинез (31) од Атлетик Билбао.

Шпанскиот стопер е голема желба на тренерот Чави, но проблем прави клубот од Билбао кој не сака да го пушти. Откупната клазула за Мартинез во договорот со клубот од Баскија изнесува 80 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сумата која Барселона е спремна да ја понуди за Мартинез е околу 30 милиони евра, пренесува „Марка“.

Од претходно е позната желбата на Мартинез да се приклучи на Барселона. За него ова би била прилика за најголемиот трансфер во кариерата и му се допаѓа проектот на Жоан Лапорта. Далеку од тоа дека Мартинез не е среќен во Атлетик Билбао, но сака да ја искористи приликата да заигра за Каталонците.

Мартинез пред четири години стигна во Атлетик од Реал Сосиедад за 32 милиони евра. Договорот со Билбао му истекува следното лето. Барселона неодамна се засили со Жил Кунде од Севиља за 50 милиони евра, но тука не мисли да застане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…