Дома Топ вести Барса има двајца фудбалери на радарот – пристигнува играч за врска од светска класа!

Барса има двајца фудбалери на радарот – пристигнува играч за врска од светска класа!

Денеска на својата насловна страна, каталонскиот спортски весник „Мундо Депортиво“ пренесе дека Марко Верати и Филипе Кутињо се единствените две имиња за кои во Барселона размислуваат за засилување на средниот ред.

Со оглед на тоа дека оваа сезона поради повреди Андрес Иниеста одигра само 1.390 минути, односно помалку од 40% од натпреварите, во Барселона полека бараат негова замена.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Кутињо одамна се споменува како алтернатива за средниот ред на Барселона, со таа разлика што би можел да одговори одлично и во офанзивата, а во последно време се погласно се зборува за трансфер на Марко Верати.

Покрај тоа, летните засилувања како Андре Гомеш и Денис Суарез не ги оправдаа очекувањата, поради што се очекува еден од нив двајца, заедно со Арда Туран или Рафиња да го напуштат „Камп Ноу“. Тоа би требало да отвори простор за новите летни засилувања.

Сепак, постои проблем, бидејќи за Верати силен интерес покажуваат и Јувентус, Интер, Реал Мадрид, Челзи и Баерн Минхен. Втор проблем е што ПСЖ нема да го пушти лесно и е подготвен да ја одбие секоја понуда која ќе пристигна на нивна адреса.

Сепак, Барса нема да се откаже од намерата и ќе се обиде по секоја цена да донесе еден од споменатите фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…