Дома Топ вести Барса го наде наследникот на Луис Енрике

Барса го наде наследникот на Луис Енрике

Како што пренесуваат каталонските медиуми Луис Енерике нема да го продолжи договорот со Барса, па Каталонците се приморани да размислуваат за негов наследник, исто како пред четири години кога клубот го напушти Пеп Гвардиола.

Медиумите тврдат дека Луис Енрике веќе донел конечна одлука и дека неуспешни биле сите обиди на раководството да го убедат да го продолжи договорот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Во 2012 година кога Гвардиола го напушти „Камп Ноу“ него го замени неговиот помошник Тито Виланова, па истиот случај може да се повтори и сега. Имено, на местото на Луис Енрике да седне неговиот прв асистент Хуан Карлос Унзуе.

Хуан Карлос Унзуе е поранешен шпански голман кој во својата кариера две сезони помина во Барселна, но не остави голема трага бидејќи запиша само 5 настапи.

Откако се пензионираше во 2003 година наврзо се врати на „Камп Ноу“ во улога на тренер на голманите, кога прв тренер на Каталонците беше Франк Рајкард.

По заминувањето на Холанѓанецот Унзуе ја задржа својата позиција и кај Пеп Гвардиола, а подоцна му стана прв помошник на Луис Енрике во Селта, па потоа и во Барселона

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал фрли 45 милиони на човек кој никогаш не стапна на терен

Реал Мадрид во 2020 година издвоил 30 милиони евра за услугите на младата бразилска фудбал…