Барселона плати висока цена за синоќешната голема победа над Манечестер Сити во Лигата на шампиони.
Имено, Каталонците останаа без двајца стандардни првотимци поради повреда, а додатни проблеми за Луис Енрике прави црвениот картон кој го зарабти Матије.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После само девет минути игра во првото полувреме теренот мораше да го напушти Жорди Алба, кој најверојатно ја обнови повредата, па сеуште е нејасно кога ќе се врати на терените.
Неколку минути подоцна повреда заработи и Жерард Пике после еден дуел со Давид Силва.
Пике на фудбалските терени според шпанските медиуми би требало да се врати после три седмици, дека на Алба му следува подолга пауза поради истегнување на мускулот.
Споменатите двајца најверојатно ќе го пропуштат реваншот со Манчестер Сити на „Етихад“, а за главоболката на Енрике да биде уште поголема црвен картон заработи Матије кој исто така нема да може да игра во реваншот.