Дома Топ вести Барса во „вода фрли“ 500 милиони евра, но на кого му е „гајле“ кога тука е „семоќниот“ Лионел Меси!

Барса во „вода фрли“ 500 милиони евра, но на кого му е „гајле“ кога тука е „семоќниот“ Лионел Меси!

bartomeu

Кога ќе го погледнете вложеното во последните две или три години и составот кој прв на табелата јасно е дека не купуваа баш најдобро, но и покрај тоа оваа година најверојатно ќе стигнат до титулата во Шпанија.

Барселона не блеска, но победува, за играта под очекувањата на Каталонците своја анализа направи и „Марка“. Можете да ја прочитате ТУКА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, клубот од Каталонија од 2015 година на нови играчи потроши пола милијарда евра.

Резултат од новите засилувања?

Очаен. Освен Умтити и Паулињо кои беа и најмногу оспорувани пред да пристигнат. Никој не успеа да стигне до местото на било кој стартер од тимот, а дел од нив целосно беа надвор од тимот, а примаа огромни плати.

Да одиме по ред. Купен беше Силенсен од Ајакс кој нема шанси да брани покрај Тер Штеген. Сега се шпекулира дека нема да го продадат со цел да го олесни прилагодувањето на Де Лихт и Де Јонг, фудбалери кои на лето би можеле да пристигнат во Каталонија.

Од петмина дефанзивци, исклучок е Умтити, останатите се во втор план. Видал и Диње не се решенија, Семедо го изгуби местото од Серхио Роберто кој може да игра на повеќе позиции. Јери Мина е вложување за иднината, но како што стојат работите, ниту тој нема да се наигра.

Следат играчите од средниот ред, не го сметаме Кутињо кој што туку пристигна. Јасно е тука најголемо промашување е Арда Туран, пото следи Андре Гомеш кој никој не го сака, Денис Суарез е веќе заборавен, а единствено како што кажавме само Паулињо игра иако многумина се сомневаа кога беше доведен од Кина.

И на крајот напаѓачите или подобро кажано офанзивците. Делофеу е вратен и веднаш елиминиран, Алкасер ретко добива шанса, Дембеле се мачи со повредите, па се шпекулира за позајмица што е малку веројатно.

Заминаа Нејмар, Чави, Дани Алвеш и Маскерано.

Но, за овие 500 милиони евра, тимот не доби длабочина, бидејќи секако Меси и Суарез, но и Иниеста која заминува на лето, Алба, Бускетс, Тер Штеген, Пике, па и Серхио Роберте се незамнеливи. Било кој од овие играчи да недостасува, квалитетот на играта на Барса е намален.

Всушност, потегот кога Видал влезе во игра на местото на Дембеле и тоа што Суарез повреден играше цела есен, како и менувањето на формацијата на Валверде кога нема некој од стандардните фудбалери јасно покажува дека Барса не купуваше баш најдобро.

Но, сеедно, табелата е конечниот резултат, а кога го имате Меси во тимот го имате и тој луксуз да си дозволите да промашувате.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…